Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со пофалби за својот совршен двоец: Тие се создадени еден за друг

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити му одржа фудаблска лекција на Лутон и победи со 2:6 во ФА Купот, па сега полека може да се насочува кон големиот предизвик кој следи во Премиер лигата, дербито со Манчестер Јунајтед.

Ерлинг Халанд беше главна ѕвезда на мечот и постигна пет гола во мрежата на домаќините, но задолежен за шоу беше и Кевин Де Брујне кој испорача четири асистенции до Норвежанецот.

Фановите на Манчестер Сити долго чекаа ново вкрстување на овие двајца фудбалери со оглед на тоа што Де Брујне беше повреден од стартот на сезоната, а кога се врати, нецелосно заздравен беше и Ерлинг.

Последните натпревари се доказ дека нивната соработка може да биде клучна за Сити и оваа натпреварувачка сезона, нешто што го посочи и Гвардиола со изјавата по мечот.

– На Ерлинг му е потребен некој со визија, квалитет и дарежливост како онаа на Де Брујне. Кевин е најнесебичниот играч пред противничкиот гол, да можеше, ќе му наместеше уште еден гол.

– Тие се совршени еден за друг. Де Брујне му е потребен на Халанд, но и на Кевин му е потребен човек што се движи во нападот како Ерлинг, – порача Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни