Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со ниска провокација го „поздрави“ Карагер, легендата на Ливерпул подготви одговор (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити во неделата одигра трето реми во низа во Премиер лигата и му дозволи на Арсенал малку да се „одлепи“ на табелата, а тоа направи дел од експертите да почнат да се сомневаат во шампионскиот тим на Пеп Гвардиола.

Поранешните легендарни играчи како Гери Невил, Џејми Карагер и Мика Ричардс му даваат предност на Арсенал во битката за титулата и сметаат дека Сити нема да освои четврти трофеј во низа, но таквите ставови предизвикаа доста зајадлива изјава од Шпанецот, особено за поранешниот стопер на Ливерпул.

– Па тие тројца треба да знаат колку е тешко да се освои четири пати во низа. Всушност, невозоможно е да знаат, тоа никогаш не се случило досега. Невил не успеа во тоа иако играше за најсилниот Јунајтед во историјата, Мика Ричардс освои во Сити, но не четири пати во низа.

– На крај, Џејми Карагер…….Го коментира нашето потклекнување, а тој во својот долг стаж во Ливерпул ниту еднаш не ја освои Премиер лигата, – порача Пеп, а ваквиот негов став го испровоцира Џејми.

– Мислам дека би имал барем една титула ако Ливерпул беше во сопствеништво на држава и ако работеше такашто Премиер лигата ќе покрене истрага против 115 пријави. Всушност јас го фалев тимот на Пеп по натпреварот…..

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни