Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со јасна порака: Тие ни се потребни за наредната сезона

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити игра сезона под своите стандарди и до крајот на истата ќе има две цели, да обезбеди место Топ 4 пласман во Премиер лигата и ако има можност да го освои ФА Купот.

„Граѓаните“ веќе потрошија огромна сума на пари во зимскиот преоден рок и донесоа неколку имиња, свежа крв, а се очекува тој процес да продолжи и на лето.

Дел од јавноста веќе почна да ги отпишува постарите играчи, оние со +30 години, ама Пеп Гвардила има јасен план со нив за наредната кампања.

-Има играчи кои имаат над 30 години, но тие се дел од иднината на овој клуб. Освен Кевин, а Кевин и клубот ќе одлучуваат за неговата иднина, секој што има договор за следната сезона, очекувам да биде тука.

-Тие ќе ни помогнат. Следната сезона ќе има многу натпревари. Не можеме да го направиме тоа само со нашите нови. Тие ќе можат да помогнат и да бидат дел од нашата сезона, -порача Пеп пред соочувањето со Плимут во ФА Купот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни