Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со јасна порака до Барселона за големата трансфер цел: Нема да го добијат гратис

Објавено

на

Барселона го направи јавен својот интерес за Феран Торес и медиумите почнаа да пренесуваат дека фудбалерот веќе побарал дозвола од Пеп Гвардиола за трансфер уште во јануари, тема која сега ја искоментира и менаџерот на Манчестер Сити.

Шпанскиот стручњак потенцира дека тој никогаш не се меша во вакви операции и истите ги остава за директорите и агентите на фудбалерите, но нагласи дека Манчестер Сити нема да попушти и нема да дозволи да си замине гратис играч кој има огромен потенцијал.

– Поради тоа што ние сме Манчестер Сити, на нас секогаш ни бараат многу пари за било кој играч кој го сакаме. Поради опкружувањето кое го имаме и поради сликата оставена во јавноста, секогаш ни поставуваат високи цени.

– Ако има клубови кои се заинтересирани за наш играч, можам да им порачам дека нема да го добијат гратис. Треба да има преговори, да се постигне договор и после да се види што ќе се случи.

– За мене како менаџер, ова не е моја работа, треба да се обратите кај директорот Бегиристан, кај агентот на Феран или во Барселона. Речиси шест години сум тука и никогаш не сум зборувал и не сум носел одлуки на вакви теми, – вели Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни