Лига на шампиони
Гвардиола со интересна изјава: Поважен ми е натпреварот со Бриж отколку тој со Јунајтед
Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола даде навистина интересна изјава пред натпреварот со Клуб Бриж во рамките од четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ се наоѓаат во групата А заедно со белгискиот претставни и со победа на оваа средба ќе дојдат многу блиску до пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите.
Токму затоа, Гвардиола посочи дека овој натпревар му е поважен отколку тој кој се игра следниот викенд, а во кој ќе се сретне со Манчестер Јунајтед.
– Мислам дека натпреварот против Клуб Бриж е многу поважен отколку тој против Манчестер Јунајтед. Тој е наша шанса да влеземе во доигрувањето од Лигата на шампионите.
– Во Премиер лигата има многу натпревари, а во групата од Лигата на шампионите само шест. Малку се и немате право на лош ден, -изјави Гвардиола.
Освен Манчестер Сити и Бриж, во групата се и ПСЖ и РБ Лајпциг кои ќе се сретнат меѓусебно во вториот утрешен натпревар.
Лајпциг речиси и да нема шанси за пласман во нокаут фазата, додека пак Бриж доколку ги изненади „граѓаните“ и тоа како ќе си ги зголеми шансите за доигрувањето.
-
Лига на шампионипред 19 часа
Ендрик го собори рекордот на Раул, па доби признание од Анчелоти: Покажа дека има…
-
Лига на шампионипред 22 часа
Куртоа за последната акција на Реал: Покажа карактер што не им подаде на Винисиус и Мбапе! (Видео)
-
Италијапред 21 час
Ибрахимовиќ за статусот во Милан: Кога ја нема мачката, глувците оро играат…
-
Македонијапред 12 часа
Работнички шокиран од третолигаш во Купот на Македонија
-
Италијапред 17 часа
Главниот фаворит за наследник на Де Роси веќе пристигнал во Рим
-
Италијапред 20 часа
Утрински шок од Италија: Де Роси заработи отказ од Рома
-
Францијапред 20 часа
Рабио доби комплименти од француска легенда: Стана мој идол со потезите кои ги направи
-
Лига на шампионипред 21 час
Ристовски по дебаклот на Динамо во Минхен: Кога ќе примиш девет парчиња…