Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола со интересен заклучок откако неговиот тим беше неутрализиран од Интер

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

МАнчестер Сити не изгледаше толку добро и луцидно во напад како што обично тоа е случај на „Итихад“, но и покрај ремито со најнепопуларниот резултат, Пеп Гвардиола не пронајде ниту една забелешка за својот тим.

Шпанскиот стручњак му оддаде признание на Интер и го нарече тимот на Инѕаги како првокласен во играње одбрана, а истовремено не пропушти да нагласи дека неговиот тим одиграл многу подобро отколку пред две сезони во финалето во Лигата на шампиони.

– Игравме против многу силен и тежок тим, шампионот на Италија. Физички се многу силни и имаат квалитет на сите страни на теренот. Почнуваат да ја градат играта од Зомер и Бастони и извонредни се во игра во транзиција. Тие се мајстори за играње одбрана, играат првокласна одбрана и знаевме дека нема да создадеме многу шанси. Севкупно гледано, одигравме многу подобро од мечот во финалето против нив пред две сезони.

– Ми се допадна се што видов од мојот тим, ќе беше подобро да победиме, но има уште седум меча на кои можеме да го подобриме нашето бодовно салдо.

– Секако дека сакав да победиме, но и тие имаа свои шанси во транзиција. Знам колку е добар Интер и немам никакви забелешки за мојот тим. Ми се допадна се што видов на теренот од моите играчи, – изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни