Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со директна порака до конкурентите: Сити повторно ќе ја освои титулата во Премиер лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити не успеа да слави на трите последни средби во Премиер лигата, средби на кои беше во позиција да слави, ама на крајот мораше да се задоволува само со реми против Челси, Ливерпул и Тотенхем.

„Граѓаните“ на овие дуели покажаа слабости пред се во дефанзивата, па тоа заедно со загубените бодови донесоа разни коментари, анализи, сомнежи дали Сити може да го одбрани пехарот во најсилната англиска фудбалска конкуренција.

Клубот од „Итихад“ ги освои трите последните пехари во ПЛ и ако успее тоа да го направи и годинава тоа ќе значи нов рекорд, испишување на историја затоа што никој досега немал таква доминација.

Пеп Гвардиола следи што се пишува, кажува, но тој е убеден дела Сити на крајот сепак ќе го задржи врвот во Англија.

-Моето чувство денесka е дека ќе ја освоиме Премиер лигата. Ако играме на нивото што го покажавме против Ливерпул и Тотенхем, повторно ќе триумфираме. Луѓето не веруваат во тоа веќе по три нерешени средби, но чувствуваме дека ќе го направиме тоа повторно, знаејќи дека не е лесно затоа што ниту еден тим досега тоа не го направил.

-Тешкотијата е тука и беше минатата сезона, но, ако ме прашате денес што чувствувам, ние ќе го направиме тоа повторно, -порача Пеп пред утрешното соочување со Астон Вила на „Вила Парк“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни