Лига на шампиони
Гвардиола со брутален заклучок по поразот и елиминацијата од Реал

Пеп Гвардиола на двата натпревари против Реал Мадрид можеше да фати доволно забелешки за да ја види разликата меѓу двата тима, која во период од само една година е неспоредливо поголема од онаа пред неполни 12 месеци.
Англискиот шампион е во процес на транизицја и јасно е дека оваа генерација на фудбалери на Гвардиола полека завршува една незаборавна ера, па по убедливиот пораз од Реал со вкупни 6:3, и самиот Пеп го призна тоа.
– Победи подобриот, а Реал во овој момент е подобар од нас во речиси секој сегмент. Одработивме многу лоша сезона во Лигата на шампионите, едноставно го немаме ритамот на Реал во двата правци, и во одбрана и во напад. Тие беа подобри од нас и тоа е тоа.
– Кога еден тим е подобар од вас, треба да им честитате. Реков уште по првиот натпревар, ова е најдобриот Реал на кој сум наишол во последните години. Ние како тим направивме многу историски работи, но тоа останува зад нас, сега мора да се концентрираме да завршиме меѓу првите четири во Премиер лигата.
– Крај на една ера? Би рекол дека да. Ниту една работа не е вечна, ништо не трае вечно. Освоивме шест титули во Премиер лигата во седум години, а во Европа постојано игравме во четвртфинале, полуфинале или финале. Без оглед на тоа, имам сила да продолжам напред и да го водам Сити, – изјави Гвардиола.
-
Репрезентација22 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства22 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Светски првенства10 часа
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!
-
Светски првенства13 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Шпанија14 часа
Лопетеги не се кае: Повторно би ја прифатил понудата од Реал, совеста…
-
АТП13 часа
Музети тргна моќно, па беше разбиен од Ѓоковиќ во Мајами (ВИДЕО)
-
Репрезентација22 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства12 часа
Белами: Очекував повеќе од Македонија, заслуживме да победиме!