Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Сити нема да колабира како Јунајтед кога ќе заминам

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Разделбата на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола останува актуелна тема во англиските медиуми, пред се поради фактот што Шпанецот не потврдил дека ќе остане по истекот на договорот, а и поради потврденото заминување на неговиот најблизок соработник Чики Бегиристајн.

На вчерашната прес-конференција, Гвардиола повторно морал да одговара прашања на оваа тема, потенцирајќи дека и без него, Манчестер Сити ќе има стабилна и успешна иднина.

Новинарите алудирале на заминувањето на Алекс Фергусон од Манчестер Јунајтед и фактот што градскиот ривал се уште не може да се консолидира од тој момент во 2013 година.

– Не знам што се случи кај нив.

– Ќе биде лош знак за клубот ако почна да се „распаѓа“ по заминувањето на еден човек. Можеби ќе направат некои грешки, но ќе успеат брзо да ги поправат. Луѓето овде знаат што треба да прават во секоја ситуација.

– Структурата на клубот е солидна, а ваквите клубови не зависат од еден човек, се поинаку не би било добро. Можеби некој помисли дека јас и Чики сме тука многу долго и не можеме да заминеме, но не е така. Секој може да замине, животот продолжува понатаму… рекол Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни