Гвардиола: Сити фаворит за титулата во ЛШ? Не знаев дека кај нас игра….

pep-njukasl

Манчестер Сити со минималната победа од 0:1 на „Ст. Џејмс Парк“ стигна до бројката од 18 последователни победи во Премиер лигата, учинок кој натера дел од англиските новинари практично да го прогласат тимот на Пеп Гвардиола за нов шампион уште отсега, а притоа и да го посочат тимот од „Итихад“ како еден од главните кандидати за трофејот во Лигата на шампионите.

Како и секојпат оваа сезона, Пеп се обиде да остане мирен и сталожен негирајќи дека било што е завршено во Премиер лигата, додека за трофејот во Лигата на шампионите им даде специјален одговор на новинарите, јасно возвишувајќи го името на Лионел Меси за кого во безброј наврати има порачано дека е најдобар играч во светот.

– Сите фаворит за титулата во Лигата на шампионите? За кој тим игра Меси? Не знаев дека е кај нас. Фаворит е тимот за кој игра Меси, – во свој стил истакнал Гвардиола.

Facebook Коментари