Поврзете се со нас

Свет

Гвардиола силно посакувал актуелна ѕвезда на Реал: Ќе го направам најдобар играч во светот!

Објавено

на

Пеп Гвардиола пред неколку дена го продолжи договорот со Манчестер Сити и денеска пред него е големо дерби во Премиер лигата, бидејќи неговиот тим ќе гостува во Северен Лондон кај Тотенхем предводен од Жозе Мурињо.

Во средина на пораките кои си ги испратија Пеп и Жозе од прес-конференциите, денеска се појави и една интересна вест од Норвешка, поврзана за големиот фудбалски талент кој настапува во Реал Мадрид. Мартин Одегард дочека шанса да заигра за првиот тим на Реал и беше стартер на почетокот на сезоната, но имаше несреќа и повредата го оддалечи од терените во ситуација кога се очекуваше да добие континуитет.

И покрај тоа што неговото име веќе со години е актуелно во јавноста, Одегард има само 21 година и се очекува да биде многу важен играч за Реал Мадрид откако лани созреа во Реал Сосиедад, а интересно е тоа што ова за Мартин е веќе шеста сезона во шпанската престолнина.

Како 16-годишен вундеркинд, Одегард стана интересен за сите големи фудаблски гиганти, а сега норвешкиот фудаблер Аге Фјортофт открива дека Пеп Гвардиола силно го посакувал во Баерн Минхен.

– Имав разговор со Гвардиола и ми го порача следното: Мораш да го донесеш ова дете во Минхен! Ќе го направам најдобар играч во светот…..

– Јас имав улога во националната селекција на Норвешка и бев близок со неговиот татко. Често ги каневме во Федерацијата и разгледувавме секакви опции. Сите знаат дека негов омилен клуб е Ливерпул, но причината поради која го избра Реал Мадрид е едноставна. Само Реал Мадрид имаше втор младински тим кој му нудеше минутажа, а тренер на вториот тим беше Зинедин Зидан. Останатите три клуба беа Арсенал, Баерн Минхен и Ливерпул, – открива Фјортофт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни