Англија
Гвардиола си ја призна грешката за шпанската легенда од која лесно се ослободи во Сити: Не можам да опишам колку ми е жал
Хесус Навас доби посебни почести на последните два натпревари кои ги одигра во својата кариера, најпрво на домашниот „Рамон Санчес Писхуан“, а потоа и на митскиот „Сантијаго Бернабеу“.
Капитенот на Севилја беше испратен како голема фудбалска легенда на шпанскиот фудбал, но во денови кога се уште се максимално свежи неговите фудбалски денови, клубот од Андалузија реши да му подготви и институционално испраќање.
Вчерашниот чин во Севилја односно донесе илјадници навивачи на трибините на „Писхуан“, а во низата пораки кои му беа прикажани на капитенот од многу добро познати фудбалски имиња, посебно се истакнува онаа од Пеп Гвардиола.
Шпанскиот стручњак го тренираше Хесус Навас во својата прва сезона во Манчестер Сити, но сосема неочекувано, брзо реши да се ослободи од него и му дозволи враќање во Севилја.
Седум години подоцна, Пеп признава дека направил голема грешка, па во емотивната порака која му ја посвети на Хесус порача дека се уште се кае за својот потег.
– Ти благодарам за подарокот што те имав во мојот тим една година, не можам да опишам колку се каам што ти дозволив да си заминеш толку брзо. Посакувам да те имав тука подолго време, но понекогаш луѓето грешат и фер е да се признае тоа.
– Ти честитам за се она што го оствари во кариерата, а истото важи и за сите фанови на Севилја кои можеа да уживаат во неверојатен играч, но пред се неверојатна личност. Севилјисти, немој да дозволите да биде далеку од вас, чувајте го блиску до клубот. Хесус Навас е вечен, – гласи снимената порака од Гвардиола.
De forma totalmente inesperada, Pep Guardiola le confesó a Jesús Navas, en su mensaje despedida, que se ARREPIENTE de haberlo dejado ir del Manchester City.
📊 Juntos, compartieron apenas 36 partidos por Premier, Champions, FA Cup y EFL Cup. pic.twitter.com/3GoVHVdtQr
— Bolavip (@bolavipcom) December 30, 2024
-
Англија24 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП17 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија20 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија20 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)