Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: Шампионската круна е во посед на Ливерпул, но…..

Објавено

на

Манчестер Сити отиде на плус 15 во однос на градскиот ривал Манчестер Јунајтед на првенствената табела, со тоа што тимот на Оле Гунар Солскјер вечерва го игра својот натпревар од 27-то коло, односно има гостување кај Кристал Палас.

Тоа треба да претставува добро загревање за она што следи претстојниот викенд, односно големото градско дерби во кое првиот и вториот тим на табелата ќе ги одмерат силите на „Итихад“ во дуел во кој домаќинот ќе влезе во страшна форма.

Сити вчера го победи Вулверхемптон со 4:1 и стигна до 21-от последователен триумф во сите натпреварувања, серија која несомнено го направи тимот на Пеп Гвардиола апсолутен фаворит за враќање на трофејот во Премиер лигата.

– Манчестер Јунајтед, во овој момент ме интересира само Манчестер Јунајтед. Во мислите ми е само дуелот кој се игра следниов викенд. Ќе зборуваме за рекорди кога ќе зварши сезоната, сега приоритет ми е Јунајтед.

– Далеку е шампионската титула. Шампиони се Ливерпул и круната им припаѓа нив. Ние сме во најдобра позиција да им ја симнеме и да им ја одземеме и ќе се обидеме да го направиме тоа. Ние сакаме да ја освоиме титулата, тука нема што да се крие. Сакаме да ја освоиме и да ја одбраниме наредната сезона. Но, има уште 33 поени за одигрување, Јунајтед треба да го одигра овој натпревар против Кристал Палас и веќе го подготвуваме натпреварот против нив на домашен терен, – изјави Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни