Англија
Гвардиола: Сега ја разбирам изјавата на Мурињо

Манчестер Сити денеска го пречекува Челси во дербито на англиската Премиер лига, а Пеп Гвардиола го подготвува тимот кој треба да го заборави шокантниот пресврт на гостувањето кај ПСЖ.
Поразот во Лигата на шампионите е уште еден удар сезонава за актуелниот англиски првак, а Гвардиола потенцира дека понекогаш се случуваат негативни моменти, а тој и фудбалерите мора да продолжат да работат напорно за да обезбедат место во Лигата на шампионие и следната сезона.
– Брзината е важна, но против ПСЖ ние трчавме повеќе, а на крајот загубивме.
– Нашиот проблем сезонава е со топка, со поседот, тоа е она што не го правиме добро. Ако ја имаш топката и не ја додаваш коректно до соиграчот, се станува многу потешко, – вели Гвардиола.
Шпанецот е убеден дека пласманот во ЛШ за неговиот тим сезонава ќе биде како шампионска титула, притоа истакнувајќи ја изјавата на Жозе Мурињо, кој во минатото потенцираше дека го смета второто место со Јунајтед (зад Сити) во сезоната 2017/18 како едно од најголемите достигнувања во тренерската кариера.
– Има сезони во кои се појавуваат многу тешкотии. Како ќе се снајдеш и како ќе се соочиш со нив е главното прашање.
– Се сеќавам на Мурињо. Не ја знам ситуацијата во Јунајтед, но тој често изјавуваше дека второто место таа сезона бил негов најголем успех. Сега го разбирам целосно, – рекол Гвардиола.
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!