Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола се жали за подготовката која ја имаат Сити и Реал за четвртфиналето: Разликата е огромна

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола во безброј наврати се жалел дека англиската асоцијација не им помага на клубовите со пренатрупарниот распоред на натпревари, но сега повторно ја актуелизираше оваа тема во пресрет на четвртфинаниот двомеч со Реал во Лигата на шампионите.

Сити денеска игра дерби натпревар против Арсенал, во среда ќе игра против Астон Вила, додека во сабота ќе има натпревар и против Кристал Палас во Премиер лигата.

За разлика од „граѓаните“, Реал натпревар ќе има само уште вечерва против Атлетик Билбао, а после ќе има девет слободни дена за да го подготви првиот четвртфинале со актуелниот европски шампион.

Според Пеп, ова е огромна и неправедна разлика која му оди во прилог на „кралскиот клуб“, но вели дека мора да се помири со судбината и да се обиде да го извади најдоброто од своите играчи.

– Играме против Арсенал, па против Астон Вила во среда навечере, а потоа против Кристал Палас во сабота во почетниот термин. После тоа, ни следи гостувањето во Мадрид. За разлика од нас, Реал има девет дена да се подготвува за нашиот меч, не три или четири, цели девет дена! Играат овој викенд, а следниот натпревар им е против нас. Би побарал само еден ден повеќе одмор, бидејќи разликата е огромна. За жал, знам дека залудно ги кажувам овие зборови, – вели Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни