Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола се уште жали за интелигентниот играч кој реши да си замине од Сити: Кога тој зборуваше, јас седнував и го слушав!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола доживеа многу незаборавни моменти последните неколку сезони во Манчестер Сити, а сигурно еден од најубавите е оној кој го доживеа на крајот на штотуку завршената сезона.

Сити постави рекорд и стана првиот тим кој четирипати во низа ја освои титуалта во Премиер лигата, успех кој пристигна по историската и најдобра сезона во постоењето на клубот.

Пред точно една година, Сити ја освои триплетата и оствари успех за паметење, но набрзо по големото славје, Гвардиола остана без еден играч за кој жали и ден денеска.

Илкај Гундоган реши дека е време за нов предизвик откако се презасити во Манчестер Сити, а Пеп сега открива дека тој е еден од најинтелигентните играчи со кои соработувал во кариерата.

– Илкај не зборуваше многу, но кога го правеше тоа, сите го слушаа. Дури и јас како тренер, седнував и го слушав што има да каже. Тој беше секогаш јасен и директен. Станува збор за многу интелигентен играч, еден од најинтелигентните со кои сум работел во кариерата. Тој беше клучен за нашиот успех во Сити. Еден играч може да биде брз, може да има силен шут, но она по што отскокнуваше Илкај беше неговата елитна интелигенција. Тој ги носеше правилните одлуки под притисок, знаеше што му треба на тимот во најтежок момент.

– Најмногу ги сакам интелигентните играчи, само еднаш требаше да му објаснам една работа на Илкај, а тој веднаш ја спроведуваше на дело. Се сеќавам на конверзациите кои ги имавме, на визијата која ја имаше, какви идеи ми даваше. Беше задоволство да се зборува за тактика со Илкај. Тој ја гледа и големата слика и суптилностите во фудбалот. Убеден сум дека еден ден ќе биде одличен тренер. До толку имав доверба во него, што ако ми затребаше маслинов зејтин за мојата салата, ќе одев да земам од кај него. Бевме навистина блиски и со живеењето, беше одличен сосед. Кога ја освоивме Лигата на шампиони, отидов во неговиот дом со моето семејство и заедно испивме едно шише шампањ, – открива Гвардиола во интервјуто за „Штерн“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни