Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола се „судри“ со Гундоган по поразот од Јувентус: Што кажал?

Објавено

на

Манчестер Сити е непропознатлив во изминатиов период, а нивната криза ја искористи и Јувентус кој славеше со 2-0 на соочувањето во Лигата на шампионите.

Иако и Јувентус си има свои проблеми, слабости, тој пронајде начин и дојде до трите бода во соочувањето во Торино со погодоците на Влаховиќ и МекКени во второто полувреме.

Овој нов негативен резултат беше разочарување на „граѓаните“, па искусниот Илкај Гундоган имаше изјава, став за работите, ситуацијата која не му се допадна на менаџерот Пеп Гвардиола.

-Ова е многу разочарувачки. Имавме шанси да постигнеме неколку голови, но во моментов се чувствуваме како секој напад што го примаме да е толку опасен. Имам чувство дека понекогаш сме малку невнимателни со дуелите, наместо да играме едноставно, премногу ги комплицираме работите и го пропуштаме вистинскиот тајминг да ја ослободиме топката. Само изгубете ја топката и дајте им контра напади. Создадени сме за посед, чувај ја топката, биди силен, ако не можеш ништо, не ја губи. Во моментов тоа не ни оди, -порача Илкај на што дојде реакција од Гвардиола.

-Што кажал? Дека ни ни е потребно…извинете. Не, не го направивме тоа денес, претходни денови, ама денес бевме добри, навистина добро го направивме. Не загубивме многу топки како во минатото, се обидовме да дојдеме на [најдобрите] позиции. Италијанските тимови се бранат толку длабоко што се толку компактни, тие се мајстори за овие ситуации. Дури и со тоа игравме такви какви што сме. Ни недостасуваше резултатот, но перформансите се тука, -порача предводникот на Сити.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни