Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола се појави со расекотина на пресот по потопот на „Итихад“: Сакам да си нанесувам штета (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола не можеше да поверува што гледа и со шокантни реакции ги доживеа трите гола на Феенорд во последните 15 минути, потоп кој ни долови да видиме како Манчестер Сити прави од „готово-вересија“.

Англискиот шампион водеше со 3:0 до 75-та минута и на крајот успеа да прими три гола, па така ја продолжи лошата криза која датира од 30-ти октомври.

После петте порази во низа, играчите на Сити сигурно ќе бидат уште погневни на тоа што си го дозволија синоќа, а несекојдневните сцени направиле Пеп Гвардиола да си нанесе и расекотина на лицето.

Шпанецот се појавил на пресот со мала расекотина на носот и неколку линии на главата, па еден од новинарите кој го забележал тоа, му поставил директно прашање.

– Да, си го направив тоа со мојот прст, поточно со ноктот. Сакам да си нанесувам штета сам на себе, – изјави Гвардиола со насмевка и покрај тоа што не му беше до смеење додека беше на теренот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни