Поврзете се со нас

Свет

Гвардиола се отвори: Реал ме направи подобар тренер, Ливерпул е мојот најтежок противник, а Зидан….

Објавено

на

blank

Пеп Гвардиола мораше да се задоволи само со второто место на табелата во Премиер лигата во сезоната во која Ливерпул издоминира во секој поглед во Англија, но Шпанецот немаше проблем да им ја честита титулата на избраниците на Јирген Клоп, кои според него го заслужуваат сето она што го доживеаја во изминативе две сезони.

Во ексклузивното интервју кое го направи за „ДАЗН“, Гвардиола опфати повеќе аспекти поврзани за неговото минато и за блиската иднина, па покрај тоа што го посочи Ливерпул како негов најтежок противник во тренерската кариера, не штедеше комплименти и за ривалот кој ќе го има во осминафиналето во Лигата на шампионите.

– Реал Мадрид е силен тим во секој поглед. Реал Мадрид ме направи подобар тренер. Не само во периодот кога ривал ми беше Мурињо, туку со Пелегрини и сите други предводници, – вели Пеп.

– Најтешкиот противник со кој сум се соочил во тренерската кариера е овој Ливерпул и оној од минатата година. Тие доминираат во секој елемент од играта. Кога ќе те затворат во твојата половина, не можеш да излезеш. Кога ти ги доминираш, трчаат во празно и на контри како ниту еден друг тим, – појаснува Гвардиола, запрашан да го избере најтешкиот противник во досегашната тренерска кариера.

За крај, шпанскиот стручњак издвои неколку реченици и за човекот со кого набрзо ќе се соочат во Лигата на шампионите, Французинот Зинедин Зидан кој врши неверојатна работа во Реал.

– Зидан прави фудбалот да изгледа добро, во лоши и во добри моменти. Тоа навистина ме радува. Многу ми се допаѓа што работите му одат од рака, луѓе како него се добри за фудбалот. Ги сакам двете верзии на Зидан, како играч и сега како тренер. Зидан како играч беше „уау“. Нависитна сакав да играм заедно со него, но за жал морав да играм против него, – вели Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни