Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола се надева дека ќе избегне најлошо сценарио: Тој е моја слабост и сакам да остане

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола се уште не знае со кој тим ќе располага по крајот на летниот преоден рок, бидејќи до 31-ви август, планот е да пристигне уште најмалку едно засилување (лев бек), но и играч за врска доколку се исполни најнеповолното сценарио за актуелниот англиски првак.

Иднината на Бернардо Силва во Манчестер Сити е максимално неизвесна и тоа не го крие Гвардиола, кој минатата седмица се посомнева во трансфер активности од страна на Барселона за португалскиот репрезентативец.

Лапорта не крие дека Чави силно го посакува Силва во својот тим, но бидејќи станува збор за специфична и доста скапа операција, навистина не може да се прогнозира каков расплет ќе има цела оваа операција.

Силва беше пред заминување од Сити и минатото лето, но откако остана, се претвори во клучен играч на Гвардиола и тој беше воодушевен од настапите на офанзивецот во сезоната во која беше одбранета титулата во Премиер лигата.

– Сакам да остане Бернардо со нас, 110 проценти го посакувам. Воодушевен сум од него, искрено, тој е мојата слабост во тимот. Станува збор за специјална личност. Не можам да тврдам што ќе се случи до крајот на преодниот рок, но тој знае дека сите ние сакаме да остане. Тој знае колку го сакаме и почитуваме, – вели Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни