Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола се јави во свој стил: Малку сум му лут на Де Брујне

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола покажа емоции како ретко кога од стартот на сезоната и се израдува на големиот пресврт кој го режираше неговиот тим на „Ст. Џејмс парк“, па дури и ги бркаше своите играчи по теренот по последниот судиски свиреж.

Сосема очекувано, главна мета на шпанскиот стручњак беше Кевин Де Брујне, повратникот во првиот тим на „граѓаните“ кој стапна на премиерлигашки терен по пауза од пет месеци.

Тешката мускулна повреда го оддалечи Кевин од терените и немаше ниту еден настап од месец август, но и покрај долгата пауза, Кевин на првиот настап на највисоко ниво покажа дека е подготвен да му помогне на тимот.

Белгиецот влезе при резултат 2:1 за Њукасл, а со него на теренот, Сити на крајот победи 2:3 токму благодарение на мајсториите кои ги изведе.

Де Брујне погоди за 2:2, а потоа во судиското продолжение маестрално го пронајде младиот Боб кој реагираше уште поимпресивно.

– Да ви кажам искрено, малку сум му лут на Де Брујне. Секогаш сум пргав со него, му се лутев што не постигна гол од слободен удар веднаш откако влезе во игра. Кевин и Оскар Боб направија разлика кога ривалите почнаа да го чувствуваат заморот. Кога Кевин ја има топката во своите нозе и на теренот имаме играчи кои знаат да истрчаат, тогаш Де Брујне станува уникатен со своите пасови. Но, овојпат не беше само пасот. Реакцијата на Боб е извонредна, многу сум среќен и за него, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни