Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола се извини за невнимателната изјава по ремито со Феенорд (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола ја доживува најголемата криза во својата тренерска кариера, а најдобар доказ а тоа беше вчерашниот натпревар во Лигата на шампиони.

Манчестер Сити не победи на натпревар на кој водеше 3:0 до 75-та минута, па трите гола на Феенорд и шокантното реми направија да го видиме Гвардиола во доста необично и чудно издание во микс-зоната и прес-центарот.

Шпанецот се појави со расекотина на носот и гребаници на главата при соочувањето со новинарите, а на крајот од прес-конференцијата, даде и еден ироничен одговор за своите повреди.

– Си нанесов штета со мојот нокт. Сакам да си нанесувам штета и да се самоповредувам, – изјави Гвардиола на заминување, а бидејќи оваа порака остави лоша слика за сите оние кои страдаат со лоши мисли и депресија, Пеп денеска одлучи да ја поправи штетата и да се извини во јавноста.

– Вчера на крајот од пресот, ме изненадија со прашање за мојата расекотина на лицето и објаснив дека тоа си го направив ненамерно. Мојот одговор во ниту еден случај не сакаше да го намали значењето на огромниот проблем како што е самоповредување.

– Знам дека многу луѓе се борат за подобро ментално здравје секој ден и сакам да го искористам овој момент за да им порачам дека најдобро е да побараат помош од адекватни луѓе, – порача Гвардиола во извинувањето.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни