Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола саркастичен за „кражбата“ која ја режираше Јунајтед: Не е се така лесно и едноставно во фудбалот…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Омар Берада го напушти Манчестер Сити после успешни 12 години минати во клубот, но интересно е што трофејниот фудбалски директор не го менува градот и останува во Манчестер.

Берада доби значајна директорска улога во новиот проект на Манчестер Јунајтед и групацијата ИНЕОС успеа да го привлече на „Олд Трафорд“, па во изминатите неколку дена на големо се зборува за „кражбата“ која ја режираше новиот газда Сир Џим Ретклиф.

Многумина зборуваат за ова како прва голема победа на Јунајтед во ерата на новиот газда, но Пеп Гвардиола на таквите натписи гледа со сарказам, за што сведочи и изјавата која ја даде.

– Берада беше многу важен за Сити уште пред јас да дојдам тука. Ние научивме многу од Омар, но и тој научи многу од клубот. Тој оди во Јунајтед и му посакуваме се најдобро.

– Сепак, ништо нема да се промени преку ноќ. Тука остануваат Де Брујне, останува и Халанд, не е се така лесно и едноставно во фудбалот. Можеби Јунајтед смета дека се ќе промени со една личност, ако мислат така, тогаш честитки за нив. Не сум сигурен дека ќе се случи баш тоа. Омар е прекрасна личност, има неверојатен карактер и тој е голем професионалец. Го прегрнав кога си одеше и му посакав се најдобро. Навистина сум искрен кога велам дека му посакувам се најдобро, – гласи изјавата на Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни