Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Реал Мадрид или Баерн Минхен? Ако бидеме реални……

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити прикажа две лица против Клуб Бриж и мораше да го покаже и она најдоброто за да се пласира во бараж фазата во Лигата на шампиони, нешто што успеа да го оствари благодарение на пресвртот во вториот дел.

Англискиот шампион заличи на себе во првата половина од вториот дел и постигна три гола во мрежата на Клуб Бриж, а тоа беше доволно за пресврт и победа од 3:1

Триумфот и трите бода го однесоа Манчестер Сити на 22-то место, па иако целта беше остварена, ниската позиција направи Сити да вкрсти со два великани во плејофот.

Уште пред петочната ждрепка, познато е дека Сити ќе игра или против Реал Мадрид, или против Баерн Минхен, па Пеп Гвардиола мораше да дава првична изјава за тоа како би изгледале проектираните дуели во прелиминарната фаза.

– Заслужуваме да играме против силен противник бидејќи не бевме доволно добри. Истовремено сметам дека ни тие нема да бидат задоволни што ќе играат против нас. Реал е крал на ова натпреварување, а Баерн е втор или трет најдобар тим во Европа. Би посакувал да го имам цел мој тим на располагање, но тоа не е случај. Ако бидеме искрени, Реал Мадрид и Баерн Минхен се подобри од нас вечерва, но ќе видиме дали ќе биде така за две недели, многу работи можат да се променат за две недели, – изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни