Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола размислува за двајца фудбалери на Челси како алтернатива за Стерлинг

Објавено

на

Манчестер Сити е решен да се ослободи од Рахим Стерлинг и ќе се раздели со англискиот репрезентативец во следниот преоден рок, а Пеп Гвардиола гледа замена за него во фудбалери на ривалски премиерлигаш.

Според „ЕСПН“, Хаким Зијеш и Тимо Вернер се сериозни кандидати за наследници на Стерлинг на „Итихад“ и Гвардиола со посебно внимание ги следи нивните настапи сезонава.

Стерлинг има договор до јуни 2023 година, па Сити сака да се збогува со офанзивниот фудбалер во период кога може да добие и солидна сума од евентуален трансфер, а најпогоден за такво нешто е летниот преоден рок.

Иако настапи и на дербито со ПСЖ, Стерлинг не е во прв план кај Гвардиола и добива многу помала минутажа од таа во минатото, додека нешто слично важи и за Зијеш и Вернер во плановите на Томас Тухел.

Тешко е да се претпостави дали Челси би дозволил нивен фудбалер да засили голем ривал за сите трофеи, но раководството сигурно сака да врати дел од инвестираните средства за овие двајца играчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни