Поврзете се со нас

Свет

Гвардиола распали по повредата на Де Брујне: Ако не беа Куртоа и Милитао…

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Квантитетот на натпревари кој се достигнува во европскиот фудбал е се поголем од година во година и истиот добива застрашувачки размери, за што се почесто се бунат и фудбалските стручњаци кои со децении се дел од најважната споредна работа во светот.

Прекумерното играње фудбал на секој три дена е надополнето со се покуси одмори во летниот период, а според Пеп Гвардиола, тоа се почесто резултира со тешки повреди кај важни играчи.

Кевин Де Брујне ја обнови тешката повреда на мускулот на стартот на новата премиерлигашка сезона и ќе отсуствува со месеци, информација која денеска официјално ја потврди и шпанскиот стручњак.

Говорејќи на оваа тема, Гвардиола беше доста бурен во обраќањето кое го имаше пред финалето со Севилја во Суперкупот, па при истото ги спомена и двете ѕвезди на Реал Мадрид кои заработија катастрофални повреди изминатата недела.

– Де Брујне ќе биде во аут неколку месеци. Ако на крајот се оперира, тој ќе биде во аут три или четири месеци. Тоа е тежок удар за нас, бидејќи тој поседува квалитети какви што нема друг играч. Ќе мора да бараме замени со други квалитети, бидејќи тој е уникатен.

– Повредата на Де Брујне е навистина тешка за прифаќање, но тоа е што е, сами дојдовме до тука. Во мојата прва пресезона како тренер, имав 25 дена за подготовка за првиот меч, сега ти даваат 4 дена за подготовка. Не чуди што гледаме толку кинења на лигаменти…. Не тераат да одиме во Азија, во САД, се играат тешки натпревари уште во пресезоната и фудбалерите се почесто се повредуваат. Ќе продолжат да се редат, бидејќи шоуто мора да продолжи. Ако не беа Куртоа и Милитао, ќе беше некој друг, ако не беше Кевин, ќе беше некој друг. Ја завршивме сезоната со Лигата на шампионите, потоа имаа собир со репрезентациите, а веќе следната година ќе има зголемено светско клупско првенство. Ова е премногу, играчите веќе немаат енергија. Ова е загубена битка за сите нас, се додека играчите не кажат доста и не кажат „не играме повеќе во вакви услови“! Како да беше малку се од ова што го кажав, па сега со новите правила, натпреварите ќе траат по 110 минути, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни