Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола призна дека го извадил Халанд од игра за да не го урне рекордот на Меси: Ќе мора да пронајде друга мотивација….

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд урна неколку рекорди со својот нестварен голгетерски настап против Ред Бул Лајпциг, но Пеп Гвардиола не му дозовли да го собори оној апсолутниот, односно Норвежанецот остана без шанса да стане првиот играч во историјата кој постигнал шест гола на еден меч во Лигата на шампионите.

Напаѓачот на Манчестер Сити пет пати ја затресе мрежата на германскиот тим и го израмни рекордот на Лионел Меси и Луиз Адријано, па иако многу веројатно е дека Халанд ќе постигнеше у шести ако останеше во игра, Пеп реши да го извади во 57-та минута.

Ваквиот потег на шпанскиот стручњак наиде на доста коментар во спортската јавност, а самиот Пеп призна дека намерно го извадил својот голгетер за да почека друга шанса да го урне рекордот на Меси.

– Добро знам дека Меси постигна пет гола на еден меч во Лигата на шампионите, добро го паметам тоа. Неверојатно е самото тоа што Ерлинг постигна пет гола во неполни 60 минути.

– Лео го немаше направено тоа. Ерлинг е многу млад и ова ќе мора да биде мотив плус за него во иднина. Ќе мора да го урне рекордот на Меси на друг натпревар, – изјави Гвардиола по пласманот на Сити во четвртфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни