Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола призна дека цела игра против Реал ќе ја постави за еден играч: Ќе играме за него

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола има непријатно искуство од полуфиналето на „Сантијаго Бернабеу“ кое се одигра пред една година, но шпанскиот стручњак уверува дека не е дојден по одмазда, туку по барање на нова шанса неговиот тим да се пласира во едно финале во Лигата на шампионите.

Менаџерот на Манчестер Сити е свесен дека нема потежок ривал од Реал Мадрид во најелитното натпреварување во Европа, па во својата официјална најава за првото полуфинале не штедеше комплименти за ривалот.

– Едноставно е, за да го освоите ова натпреварување, мора да ги победите најдобрите. А, Реал Мадрид е убедливо најдобар во ова натпреварување, тоа го покажа во последната деценија. На првиот меч минатата година одигравме извонреден меч, на вториот бевме добри, но тоа не беше доволно. Реал Мадрид едноставно знае што треба да направи на овие средби за да излезе како победник.

– Не доаѓаме тука за да се одмаздиме, ако мислиме така, ќе погрешиме. Тоа што се случи минатата сезона, се случи и тоа е минато. Ова е нова шанса за нас, ништо повеќе. Доаѓаме со менталитет да се обидеме уште еднаш, секој кој се обидува, еден ден ќе успее во тоа што го бара. Не доаѓаме по одмазда, доаѓаме по добар резултат, одлучувачки ќе биде мечот во Манчестер.

– Минатата година, ние дојдовме во подобра позиција на овој стадион, но сите знаете што се случи. Менди извади топка од гол линијата, Куртоа одбрани со крампоните и потоа се случи тоа што се случи. Такви детали ве носат во финале, или ве оставаат без него. Мора да бидеме многу добри и сплотени на двата меча, инаку ќе ни биде многу тешко против Реал, – изјави Гвардиола кој призна дека неговиот тим утре ќе игра за Ерлинг Халанд.

– Оваа година играме слично како минатата, висок пресинг, човек на човек…. Но, понекогаш играат и противниците и не може да биде се во ваши раце. Утре сигурно ќе има моменти кога ќе страдаме како тим, така е во сите натпревари на ова ниво. Ние го имаме Халанд и ќе се обидеме да го искористиме, секако дека ќе играме за него на утрешниот меч, – заврши Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни