Лига на шампиони
Гвардиола пред клучниот меч на Сити во ЛШ: Многу е едноставно…

Манчестер Сити оствари само две победи во седумте натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите, учинок со кој се стави во позиција да стравува за пласманот во наредната рунда пред последното коло кое се игра вечерва низ Европа од 21 часот.
Англискиот првак се соочува со Клуб Бриж на „Итихад“, меч на кој се освен победа за домаќините ќе значи елиминација за нив од елитното натпреварување уште во оваа рана фаза што дефинитивно би било удар за клубот кој веќе долго време е при самиот врв и се бори за титули.
Менаџерот Пеп Гвардиола знае што го очекува, свесен е за предизвикот и верува дека неговите момци соодветно ќе одговорат.
-Ситуацијата е таква што мораме да победиме, бидејќи во спротивно нема да продолжиме на турнирот. Сакам да продолжиме за да имаме шанса да одиграме уште два натпревари и да се пласираме во осминафиналето. Ова не е проблем, туку можност, предизвик со кој ќе се соочиме. Нема да биде добро за клубот ако не се квалификувавме, но не размислувам за тоа во моментов. Мислам дека ќе се пласираме во наредната фаза.
-Ни требаат навивачите кои ни помогнаа викендов против Челси, бидејќи Бриж нема пораз 20 натпревари. Тие се многу упорни, цврсти, агресивни и не дозволуваат многу шанси пред својот гол. Мора да се претставиме навистина добро за да победиме. Дали се вративме во форма? Не, сè уште не, бидејќи тоа се само неколку натпревари.
-Едноставно е – ако победиме, продолжуваме, а ако не – аут. Многу пати во кариерата сум бил во Лигата на шампионите, порано или подоцна играш такви натпревари, иако тоа се случува повеќе во подоцнежните фази. Гледав некои од натпреварите на Бриж – против Астон Вила, Јувентус и Милан, тие одиграа многу добро. Се разбира, секој тим, вклучително Сити, има слабости и треба да ги пронајдете и да ги искористите, -истакна Гвардиола.
-
НБА14 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија22 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Свет24 часа
Урнебесен старт на авантурата во Сантош: Нејмар влезе во игра и веднаш доби удар на најболно место (Видео)
-
Евролига23 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија12 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија13 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција19 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!