Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола пред дербито со Ливерпул: Нема да ја играм таа игра

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Во недела се игра големото англиски дерби во кое бранителот на титулата Манчестер Сити ќе ги одмери силите со актуелниот лидер во Премиер лигата составот на Ливерпул.

„Црвените“ на хартија се благи фаворити со оглед на формата и се што се случува во текот на оваа кампања, меѓутоа дерби средбите секогаш се посебни, мотивирачки и истите можат да бидат решени од некоја грешка, потег, мајсторија што значи дека се е отворено.

Пеп Гвардиола долго време водеше битка со Јирген Клоп, а од оваа сезона за ривал го има Арне Слот кој го надмудри во првото соочување со 2-0.

Новинарите побараа Шпанецот да ги спореди стариот и новиот Ливерпул, но Гвардиола искусно одговори:

-Нема да одговорам на тоа прашање. Нема да ја играм таа игра. Имам премногу почит за Јирген и Арне. Нивото на константност е слично како кога Јирген беше таму. Заслужуваат да бидат на врвот и да се борат за титулата со Арсенал, -порача предводникот на Сити.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни