Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола поздрави три големи клуба од Премиер лигата: Им честитам за „освоените титули“…….

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола е пред историски подвиг да стане првиот тренер кој четири пати во низа станал шампион во Премиер лигата, а за да се случи тоа, неговиот тим ќе мора да победи вечерва против Тотенхем, а потоа и во последното коло против Вест Хем.

Реално гледано, вистинскиот испит е оваа вечер во Северен Лондон и сите експерти очекуваат можен кикс само на овој натпревар, но во најавата за истиот, Гвардиола одговори на сите оние експерти кои велат дека Премиер лигата стана и помалку досадна поради доминацијата на „граѓаните“.

Добар дел од успесите на Пеп не добиваат доволно големо признание поради парите кои ги потроши во изминатите години, но тој сега вели дека три големи ривали потрошиле многу повеќе од нив во последните три години, па за возврат не добиле ништо.

– Луѓето велат дека ќе победиме поради тоа што победувавме во минатото, но тоа не треба да се земе здраво за готово денеска. Има големи екипи кои освојуваа титули во минатото, а сега не освоиле одамна.

– За мене тоа не е досадно, тешко е да се освојува секоја година. Претходно велеа дека победуваме поради парите, ако беше така, тоа требаше да го прават и Манчестер Јунајтед, Челси и Арсенал. Сите тие требаше да бидат тука и им честитам за „освоените титули“. Тие потрошија многу повеќе од нас во последните години, требаше да бидат блиску до нас со титули, но гледам дека не се, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни