Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола потврдил отсуство на двајца важни дефанзивци на дербито со Арсенал

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Настапите на репрезентациите го земаа својот данок во редовите на Манчестер Сити, па актуелниот англиски првак загуби важни фудбалери во пресрет на дербито со Арсенал.

Менаџерот Пеп Гвардиола денеска потврдил дека Сити нема да смета на Кајл Вокер и Џон Стоунс, играчи кои заработија повреди за време на настапите за англиската репрезентација на пријателските натпревари одиграни изминатава недела.

Гвардиола потенцирал дека повредата на Вокер е посериозна од таа на Стоунс, а засега не е јасно кога двајцата би се вратиле на терените.

И покрај проблемите со повреди изминатиот период, Кевин де Брујне веројатно ќе биде стартер за Сити во дуелот со Арсенал.

Во пресрет на неделното дерби на „Итихад“, Сити заостанува бод за Арсенал и Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни