Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола потврди еден стартер за пресметката со Челси: Ако тој не игра, ќе го изгубам тимот

Објавено

на

Манчестер Сити дојде до целта и обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на шампионите, но тој резултат е веќе зад нив од проста причина што ги очекува нова тешка задача, битка со Челси во полуфиналето на ФА Купот.

Средбата се игра денеска на „Вембли“, а за истата тренерот Пеп Гвардиола откри еден стартер-тоа е голманот Зек Стефен. Иако се работи за многу значаен меч Шпанецот нема намера да направи промена на голманската позиција, поточно ќе остане на одлуката во ова натпреварување да брани Американецот.

-Тој ќе биде стартер, секогаш вака сум правел. Можеби ќе победиме или ќе загубиме, но ако Зак не игра, јас ќе го изгубам тимот и подобро е да се загуби натпревар отколку да се изгуби тимот. Играше добро во ФА Купот, брани за репрезентацијата на САД и кога игра е на високо ниво.

-Одлично момче, добро тренира и тоа го заслужува. Повеќе од воодушевен сум што му дадов шанса, -истакна Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни