Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола потпиша нов договор со Сити и вети една работа: Тоа ќе биде мојот фокус (ВИДЕО)

Објавено

на

Фото:twitter.com/ManCity

Шпанскиот фудбалски стратег Пеп Гвардиола и во иднина ќе ја извршува функцијата менаџер на премиерлигашот Манчестер Сити.

Гвардиола влезе во последните месеци од договорот со Сити и постоеше дилема во јавноста дали ќе продолжи на „Итихад“ со оглед на долгиот престој, успехот низ годините и едностано презаситеноста, можноста за санкција на клубот поради прекршување на финансискиот фер плеј…меѓутоа сите тие наведени причини паднаа во вода затоа што Шпанецот останува во сегашната средина уште најмалку две сезони или поточно до 2027 година.

-Ова е мојата деветта сезона овде; доживеавме толку многу неверојатни времиња заедно. Имам навистина посебно чувство за овој фудбалски клуб. Затоа сум многу среќен што останувам уште две сезони.

-Ви благодарам на сите што продолживте да ми верувате и да ми давате поддршка – Сопственикот, претседателот, Феран, Чики, играчите и секако навивачите… сите поврзани со Манчестер Сити. Отсекогаш било чест, задоволство и привилегија да се биде овде. Го кажав ова многу пати порано, но имам се што еден менаџер би можел да посака и тоа многу го ценам. Се надевам дека сега можеме да додадеме повеќе трофеи на оние што веќе ги освоивме. Тоа ќе биде мојот фокус, -порача Пеп кој досега има освоено 18 големи трофеи со составот од Манчестер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни