Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гвардиола: Постои важна разлика меѓу играчите на Реал и Сити

Објавено

на

Пеп Гвардиола доживеа еден од најтешките порази во својата кариера, или во најмала рака, еден од најдраматичните поради начинот на кој неговиот Манчестер Сити доживеа елиминација во полуфиналето на „Сантијаго Бернабеу“.

Англискиот првак го делеа минути и секунди од пласман во големото финале во Париз, но на крајот таму ќе го гледаме големиот Реал Мадрид, кој уште еднаш направи нешто што може да се види само во шпанската престолнина во последно време.

„Кралевите“ беа на работ од бездната, но со два гола во 90-та и 91-та минута се вратија во полуфиналето, а потоа го нокаутираа Сити во продолжението и режираа нов епски пресврт за паметење.

Гвардиола беше најприбран и се обидуваше да ги утеши своите играчи по болниот епилог, но беше доста смирен и на прес-конференцијата каде направи една паралела меѓу неговите фудбалери и оние на Реал.

– Постои една важна разлика меѓу играчите на Реал и Сити. Тие имаат доживеано вакви ноќи како оваа вечерва, а ние никогаш немаме доживеано вакво нешто. Тоа ја прави разликата. На Реал му беа потребни два гола и успеа да ги постигне. Тоа го прави во целата своја историја и затоа сакам да им честитам за пласманот во финалето. Истото важи и за Ливерпул.

– Што се однесува до мечот, не одигравме добро прво полувреме, но тоа можеше да се очекува со оглед на влогот. Притисокот врз играчите е огромен, а потоа кога дадовме гол, бевме блиску до 0:2. Бевме толку блиску до финалето, но тие на крајот ги ставија сите играчи во нашиот шеснаесетник, центрираа и постигнаа два гола. Тоа е фудбалот, бевме брилијантни на двата меча, но на крајот понатаму оди оној кој постигнува повеќе голови, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни