Англија
Гвардиола постави прашање за Џордан и Чикаго во обид да ја оправда кризата на Манчестер Сити
Пеп Гвардиола се соочува со неазапаметена криза како фудбалски стручњак и неговиот Манчестер Сити забележа седум порази на последните десет натпревари, период кој направи многумина да ја доведуваат во прашање зависноста од еден играч во тимот.
Повредата на Родри донесе крајно негативно влијание и тимот на Гвардиола изгледа сосема загубено на теренот, но дополнителен проблем е и фактот што повреди заработија и други клучни фудбалери како Фоден, Де Брујне, но и дефанзивци кои се важни за цврстината на тимот.
Гвардиола се измори од поставени прашања за лопата игра на неговиот тим и веќе бира разноразни начини за да ја оправда кризата, а последната теза која ја понуди е поврзана со династијата на Чикаго Булс во НБА лигата.
– Играме без „Златната топка“ и без најдобриот играч во Англија од минатата сезона (Фоден). Можеби ќе се снајдете ако играте без нив на четири или пет натпревари, но ние ги немаме многу долго.
– Колку шампионски прстени ќе освоеше Чикаго без Мајкл Џордан? Тоа е прашањето кое треба да се постави. Ниту еден тим не може без најдобрите, ниту еден тим не може без своите централни дефанзивци. Ниту еден тим не може без „Златната топка“ и без најдобриот од минатата сезона, – потенцира Гвардиола.
-
АТП20 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија18 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија19 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација21 час
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија22 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија22 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан