Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола посочи кој е најдобриот клуб на светот: Тие се освоија!

Објавено

на

Шпанскиот стручњак на кормилото на премиерлигашот Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го посочи клубот кој според него е најдобриот на светот.

„Граѓаните“ се во извонредна серија и имаат 20 победи по ред, па многумина го делат мислењето дека токму тие во моментов се број еден, ама со тоа не се согласува Гвардиола кој смета оти таа титула му припаѓа на Баерн Минхен, тим кој е актуелен европски и светски шампион.

-Најдобриот тим во Европа и во светот е Баерн Минхен бидејќи тие се освоија – тие се најдобри. Во Англија шампиони се Ливерпул затоа што се најдобри. Ако сакате да им ја земете круната, мора да ги победите. Во март никој не е шампион.

-Мораме да бидеме добри и да се обидеме да победиме, но не можеме да негираме дека последните неколку месеци беа исклучителни во однос на резултатите. Кога играме добро лесно победуваме, ама и кога не сме добри како против Вест Хем кој беше фантастичен, успеавме да ги освоиме поените, -истакна Пеп пред утрешната пресметка против Вулверхемптон во Премиер лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни