Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола посочи кој е фаворит за титулата во Премиер лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/CBSSportsGolazo

Манчестер Сити не го искористи домашниот терен и освои само бод во дерби пресметката со Арсенал (0-0) што на крајот од сезоната може да се покаже и како пресудно во трката за пехарот.

„Граѓаните“ и покрај теренската иницијатива, поседот на топка се мачеа да го скршат противникот, да создадат идеална шанса, па кога имате само еден директен шут кон голот на противникот тогаш е јасно дека не сте направиле доволно без разлика што да другата страна имате тим кој исто се бори за врвот.

Сега клубот од Манчестер е на третата позиција на табелата, па за Пеп Гвардиола први кандидати за трофејот се избраниците на Јирген Клоп.

-Тие се на првата позиција. Тие се први во лигата, па е така како што е. Остануваат уште девет натпревари, па ќе видиме што ќе се случи. Арсенал е втор фаворит, ние трет. Кој е на врвот е фаворит. Беше во наши раце, сега не е, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни