Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола посочи кога точно се враќа Де Брујне: Мора добро да закрепне…

Објавено

на

foto:twitter.com/ManCity

Кевин Де Брујне е еден од најдобрите и највлијателните играчи во Манчестер Сити, тим кој не може да смета на неговите услуги од месец август, поточно од отварањето на сезоната.

Белгиецот мораше да оди и под нож за да го надмине проблемот со повредата, мина долг процес на рехабилитација, но се оди како што треба и како што стојат работите „граѓаните“ за брзо време ќе добијат големо засилување.

Самиот Де Брујне даде една информација за тоа кога може да се врати на терените, а уште поконретен беше менаџерот Пеп Гвардиола.

-Би сакал да го имам (Де Брујне) цела сезона, но тој имаше операција и мора добро да закрепне. Крајот на декември или [во] новата година ќе биде среќна нова година за сите, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни