Поврзете се со нас

Шпанија

Гвардиола: После толку натпревари со Реал, можам да заклучам едно нешто

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола одново мораше да гледа како неговиот Манчестер Сити испушта предност и победа на натпревар во самата завршница, а бидејќи во дадениот случај стануваше збор за елиминациска фаза во Лигата на шампионите, болката е уште поголема за шпанскиот стручњак.

Како безброј пати во најелитното натпреварување, Реал Мадрид постигна два гола во финишот и успеа да победи со 2:3 на „Итихад“, триумф кој на „кралевите“ им носи голема предност пред реваншот кој се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

За разлика од претходните дуели на кои Реал беше инфериорен и чекаше контри во пресметките со Сити, овојпат тимот на Карло Анчелоти беше многу подиректен и изгледаше далеку поопасно, а тоа го призна и Гвардиола кој заклучи дека ова бил најдобриот Реал со кој се соочил во последните шест години.

– Не сакам да давам вакви изјави, бидејќи често знае погрешно да се претолкува, но сепак ќе кажам. Од сите натпревари кои ги одигравме со Реал во изминатите години, ова беше најдоброто издание од нив на натпревар против нас. Ова беше најдобриот Реал, – изјави Гвардиола.

– Да бидам искрен, очекував ваква партија од нив. Секогаш се опасни во против ударите, со четворицата играчи во нападот можат да му направат проблеми на било кој тим. Знаевме против кој играме, но на крајот загубивме бидејќи им дадовме два подароци.

– Премногу пати ни се случува истото оваа сезона, а јас не можам да најдам решение. Пречесто ни се повторува истото, двапати водевме, но на крајот загубивме поради два наши подароци. Ова беше годината во која Реал одигра најдобро против нас, па иако имавме добар резултат до самиот финиш, на крајот им дозволивме да не победат, – заврши Пеп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни