Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола посебно испофали еден јунак во победата над Лестер: Му требаше многу време, но…

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити ја прекина ужасната серија на резултати и ја затвори 2024-та година со победа над Лестер на „Кинг Пауер“, триумф кој прави актуелниот шампион да има за нијанса подобра новогодишна атмосфера.

Сити забележа само една победа на последните 13 натпревари и со такво ниво на самодоверба допатува кај „лисиците“ кои сега ги предводи Руд Ван Нистелрој, но Сити успеа да ги искористи своите шанси и да победи со 0:2 во натпревар во кој најдобар поединец беше Савињо.

После безброј нереализирани шанси од стартот на сезоната, Бразилецот конечно дочека да постигне гол за водство на Сити, па покрај првенецот, во вториот дел запиша и асистенција во погодокот кој го постигна Халанд.

Пеп Гвардиола долго чекаше шанса јавно да го пофали засилувањето од Џирона, а денеска дефинитивно доби прилика за такво нешто.

– Савињо има неверојатни квалитети и способност да прави разлика. Тоа ни го покажа во повеќе наврати, но сега конечно постигна гол. Пристигна во Сити пред шест месеци, а сега кога тимот не е во најдобар момент, тој секогаш се обидува да направи нешто плус на теренот.

– Така беше против Евертон, така беше и денес. Првата акција му беше добра, втората добра, третата не баш добра, четвртата акција направи грешка, а исто така беше и при петтиот обид. Шестиот пат повторно се обиде и тоа е она што јас го сакам од еден играч. Тој е одлучен и има храброст. Дефанзивно е многу паметен и добро се поставува, без оглед на тоа што не е силен во дуел играта.

– Му требаа многу шанси за да постигне гол, но секогаш кога еден постигнува погодок, после пристигнуваат уште многу. Навистина сум многу среќен поради него, за натпреварот кој го имаше, за голот и асистенцијата до Халанд. Може да игра на двете крилни позиции и навистина се радувам за него, – изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни