Поврзете се со нас

Свет

Гвардиола покажа класа со говорот откако ја доби најголемата награда од ФИФА (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола за првпат во својата кариера ја доби „The Best“ наградата од страна на ФИФА, односно беше прогласен за најдобар светски тренер од страна на селекторите, капитените, новинарите и фановите.

Менаџерот на Манчестер Сити влезе како апсолутен фаворит во овогодинешното гласање поради историската сезона со англискиот шампион и освоената триплета, па со голема разлика ја доби битката со Симоне Инѕаги и Лучијано Спалети.

Двајцата италијански тренери имаа извонредни сезони со Интер и Наполи, а бидејќи беа присутни на церемонијата во Лондон, Гвардиола покажа класа и го сподели трофејот со нив.

– Ви благодарам на сите. Прво и основно, сакам да ја споделам оваа награда со Симоне Инѕаги и Лучијано Спалети, – изјави Гвардиола, кој во продолжение се обрати на италијански.

– Лучијано, за сезоната која ја имаше во Наполи, ја освои лигата, го освои Скудетото после толку многу години. Симоне, само јас од финалето знам колку е тешко да се игра со твојот Интер, прекрасен тим.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни