Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола почна да го фали фудбалерот кој побара заминување: Неговата посветеност секогаш била на врвно ниво

Објавено

на

Изминатиов период во Англија се проширија информации дека Рахим Стерлинг ќе инсистира на заминување од Манчестер Сити уште во јануарскиот преоден рок.

Во јавноста се споменува интерес од Барселона за услугите на фудбалерот кој оваа сезона не е во преден план кај Пеп Гвардиола.

Сепак, шпанскиот стратег го пофали Стерлинг за кого кажа дека почналда ја враќа старата форма откако постигнуваше погодоци на последните три натпревари за Сити.

– Посветеноста на Рахим секогаш била добра и секогаш барав од играчите да се пронајдат  себеси и да не си додаваат дополнителни притисоци на своите рамења.

– Во кариерата како играч не можете секогаш да бидете на врвно ниво, мора да имате и подеми и падови. Најважно е да не се стигне многу ниско при падовите.  Мора да го давате најдоброто, да настапувате на вашиот максимум затоа што во тим како Манчестер Сити успехот не се базира само на еден играч, -изјави Пеп Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни