Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола побара промена на едно премиерлигашко правило поради повредата на Едерсон

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола се израдува на голема победа против Њукасл и со максимално задоволство го прегрнуваше Кевин Де Брујне, повратникот во шампионскиот тим кој се врати со гол и асистенција во пресвртот од 2:3.

Шпанскиот стручњак делеше низа комплименти за Белгиецот по важниот триумф кој го оствари Сити, но во наредните неколку дена ќе продолжи да стравува за фитнесот на неговиот прв голман.

Едерсон заработи повреда по еден инцидентен дуел со Кајл Вокер и мораше да го напушти теренот, а до судирот стигна откако линискиот судија не досуди офсајд за очигледно недозволена позиција.

Правилата налагаат судиите да не реагираат и да ја сочуваат својата одлука за крајот од акцијата, но Гвардиола побара промена на ова правило после повредата која ја заработи Бразилецот.

– Тимови како нас, Тотенхем, Ливерпул или Астон Вила играат со високо поставена одбрана. Во такви ситуации, има многу очигледни офсајд ситуации. Дури тројца играчи на Њукасл беа во офсајд, а линискиот судија не реагираше.

– Мислам дека треба да се провери тоа правило и да се промени. Едерсон заработи тежок удар и се повреди, но имаме и една добра вест бидејќи сега ќе паузираме во наредните 10 дена. Ќе има повеќе време да се опорави, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни