Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола по првиот пораз после 32 натпревари во Премиер лигата: Стартував со играч кој тренираше шест минути!

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола имаше многу нејаснотии пред гостувањето на „Виталити“ кај тимот на Борнмут, а стравувањата се обвистинија откако неговиот тим за првпат загуби во Премиер лигата по пауза од 32 натпревари.

Момците на Андони Ираола ја прекинаа импресивната серија на шампионот во домашното првенство и денес му нанесоа пораз од 2:1, со што популарните „цреши“ покажаа дека се пеницилин за фаворити оваа сезона.

Откако го победи и Арсенал, Борнмут денеска му зема мерка и на актуелниот првак, па Пеп Гвардиола не можеше ништо, освен да им честита на противниците кои играат извонредно под водство на неговиот сонародник.

– Сакам да му честитам на Борнмут. Нивните играчи ги добиваа дуелите на средина, ги добиваа битките 50-50 на теренот. Тие секогаш играат многу агресивно и очекувавме вакво нешто. Имаа шест или седум дена за подготовка на овој дуел и тоа се виде на теренот. Моравме да бидеме подобри и да бидеме подготвени за нивната агресивна игра. Едноставно, не го израмнивме интензитетот на домаќинот, а немавме решение и за нивните долги топки. Требаше да се браниме подлабоко, а имавме проблем и при градењето на акциите, – изјави Гвардиола, кој на овој меч стартуваше играчи кои не се доволно подготвени поради сериозната криза со повреди.

– Морав да стартувам со играч кој тренираше само шест минути! Кајл Вокер последниот меч го одигра со Англија пред 19 дена. Од тој момент, тој не тренираше ниту еднаш со нас, се до вчера. Вчера тренираше само шест минути, но тоа е што е. Мора да ја прифатиме оваа ситуација. Имаше играчи кои се ставија на располагање и покрај проблемите, таков беше случајот со Аке и Аканџи, – откри Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни