Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола по потопот во Северен Лондон: Не се стари само играчите……

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити уште еднаш одигра криминално во одбрана и беше потопен од Арсенал во последните 30 минути од дербито, натпревар кој на крајот заврши со убедливи 5:1.

Голот на Ерлинг Халанд за 1:1 само го активираше вулканот напади кон голот на Ортега, кој до финишот од мечот уште четири пати ја извади топката од својата мрежа.

Сити одигра непрепознатливо за еден шампион во последниот половина час и тоа ги натера новинарите да почнаат да зборуваат за смена на генерација во тимот на Пеп Гвардиола, кој сепак смета дека е прерано за такви заклучоци.

– Ќе видиме дали ова е смена на генерации, не сум баш сигурен. Очигледно е дека дел од играчите се постари, но се постар е и тренерот. Сметам дека тоа е нормално, секој клуб доаѓа до таква етапа во еден момент.

– Сметам дека е рано за такви заклучоци, се уште сме во јануари, има уште многу натпревари за играње. Ветераните беа и се уште се важни за нас, но сега е време да ни помогнат новите играчи кои дојдоа во тимот.

– Морам да бидам лут кога ќе загубиме на ваков начин, тука зборувам за последните 25 минути. Жалам само за последната фаза од мечот, бидејќи имавме добри 65 минути, – изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни