Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола по поразот од Јунајтед: Сме играле и полошо, а сме победувале

Објавено

на

Манчестер Јунајтед ја прекина рекордната серија на градскиот ривал Манчестер Сити, а домаќините на „Итихад“ не успеаја да постигнат барем еден гол на оваа средба која ја играа на домашен терен.

Пеп Гвардиола спортски му честиташе на противникот за денешната победа и го коментираше настапот на своите фудбалери.

– Ова беше одличен натпревар, Јунајтед играше со висок пресинг, а одлично се снаоѓа и реагира брзо при контрите.

– Игравме добро, но за жал не бевме конкретни пред нивниот гол и треба да му честитаме на противникот за победата.

– Ќе бидеме главна вест бидејќи загубивме, но она што треба да биде главна вест е дека зад себе оставаме 21 победа по ред. Таков е фудбалот, денеска игравме многу подобро од средбата со Вест Хем, но сега загубивме, – изјавил Гвардиола.

Со денешниот триумф, Јунајтед ја намали негативата зад лидерот на единаесет бодови на десет кола до крајот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни