Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола по пласманот во финалето: Ова што ни го направија денес е неприфатливо!

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити одигра натпревар далеку под својот просек и имаше голема среќа што Џексон беше нерасположен за давање голови, па на крајот до израз дојде искуството на „граѓаните“ кое денеска им помогна да излезат како победници на „Вембли“.

Три дена по болната елиминација од Реал Мадрид во Лигата на шампионите, избраниците на Пеп Гвардиола беа приморани да играат полуфинале во ФА Купот, па иако Шпанецот ја почитува неверојатната фудбалска традиција која се негува во Англија, сепак не пропушти шанса да распали по сите оние кои го одредуваат распоредот во Премиер лигата и Куповите.

Голот на Бернардо Силва во самата завршница го однесе Сити во големото финале на „Вембли“, но Пеп нагласи дека неговите фудбалери стигнале до завршниот меч во нечовечки услови.

– Неприфатливо е ова што ни го направивте денес. Не смееше да играме фудбал денес. Ова што ни го направивте не е нормално, не е здраво за играчите. Не можам да најдам други зборови, ова беше неприфатливо.

– Игравме 120 минути пред три дена, минавме низ многу емоции, начинот на кој загубивме…… Знам дека ФА Купот е специјален во Англија, но ова не беше здраво за моите играчи. Навистина не знам како го преживеавме ова денеска. Сакавме да играме фудбал, но тие не убиваа во транзиција. Мечот беше многу тесен, на крајот се молев да не играме нови продолженија, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни