Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола по болниот пораз од Јунајтед: Има еден едноставен одговор за оваа криза

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола самиот најавуваше дека Манчестер Сити го чека тешка сезона, но сега и самиот призна дека ниту тој не можел да замисли дека ситуацијата ќе изгледа толку лошо на средина на месец декември.

Денешниот болен пораз од Манчестер Јунајтед на „Итихад“ е дури осми за англискиот шампион на последните 11 меча во сите натпреварувања, па откако Пеп одново мораше да гледа како неговиот тим испушта предност од 1:0 во самата завршница, не пропушти да нагласи дека тој е најголем виновник за кризата.

Шпанскиот стручњак заклучи дека неговиот тим едноставно не игра добар и флуиден фудбал и одби да бара индивидуални грешки во тимот, без разлика на тоа што Матеус Нуњес денеска направи почетничка грешка со која го најави пресвртот на „ѓаволите“.

– Не знам што да се каже после ваков пораз. Загубивме осум натпревари во последните два месеци, а претходно во две сезони немавме осум порази. Едноставно нема одбрана за оваа лоша серија на резултати, но не треба да се бара вината кај поединци и кај еден играч. Едноставно е, не играме флуидно и брзо како претходно и јас сум главен виновник за тоа.

– После секој пораз велиме дека тоа ќе ни послужи како мотивација и мора да продолжиме да мислиме така. Само со напорна работа ќе се вратиме во посакуван ритам, па мора да ја наведнеме главата и да се вратиме на работа на тренинзите. Знаев дека ова ќе биде тешка сезона уште на стартот, но не мислев дека ќе биде до волку тешка…..

– Јас сум менаџерот, јас сум шефот на овој тим и морам да најдам солуции. Едноставно не сум доволно добар во моментов, не може да биде поедноставно од тоа, – заврши Гвардиола кој пред дербито доби огромна поддршка од навивачите на Сити во вид на огромен банер на трибините.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни