Англија
Гвардиола по болниот пораз: Ни следат 10 финалиња до крајот на сезоната

Манчестер Сити пропушти златна шанса да избие на третото место на табелата во Премиер лигата и да го раздрма Нотингем Форест, но наместо тоа, избраниците на Пеп Гвардиола уште еднаш покажаа слабост во меч во кој се чинеше дека доминираат.
Сити беше подобар ривал во првиот дел и се чинеше дека наметнува свое темпо, па иако изгледаше дека Нотингем е тимот кој ќе биде позадоволен со почетните 0:0, на крајот „шумарите“ беа тие кои се израдуваа на три бода.
Голот на Хадсон Одои во 83-та минута се покажа како претежок удар за гостите од „Итихад“, па иако имаше десетина минути за реакција, актуелниот шампион не успеа да направи ништо посериозно.
Поразот значи дека Нотингем избега на плус четири од Манчестер Сити, со тоа што „граѓаните“ сега ќе треперат и за четвртото место.
– Ова беше тесен меч, ги контролиравме нивните транзиции многу добро, креиравме доста шанси, но тие се бранеа навистина добро. Во првото полувреме имавме добри ситуации во кои требаше повеќе да шутираме, но не бевме доволно прецизни на крајот. На крајот, загубивме една лесна топка и со една транизиција ни дадоа гол. За жал таков е фудбалот…..
– Не ни преостанува ништо друго, мора да се подготвуваме веќе за следниот предизвик. Ни следат десет финалиња до крајот на сезоната, а прво е она против Брајтон, – изјави Гвардиола.
-
Лига на нации16 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации17 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Репрезентација7 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации16 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации16 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Италија14 часа
„Газета“ открива детали од завршниот состанок кој му пресудил на Мота: Засрамен сум што те избрав тебе!